• недела, 28 јули 2024

Кливленд не најде решение за Ленард

Кливленд не најде решение за Ленард
Лос Анџелес, 15 јануари 2020 (МИА) – Предвдоени од Кавај Ленард тимот на Лос Анџелес клиперс рано утрово го совлада Кливленд кавалирс со 25 поени разлика. Ленард мечот во „Стејплс центар“ во ЛА го заврши со 43 поени, четири асистенции и три скока. Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда: Атланта – Феникс 123:110 Бруклин – Јута 107:118 Мемфис – Хјустон 121:110 Милвоки – Њујорк 128:102 Голден Стејт – Далас 97:124 Лос Анџелес Клиперс – Кливленд 128:103. По 40 одиграни натпревари Лејкерс се најуспешен тим во Западната конференција со 33 победи и седум порази. На Исток води Милвоки бакс со биланс 36 победи и шест порази. зс/

Остани поврзан