• среда, 21 август 2024

Кинескиот премиер Ли Кианг пристигна во Москва на разговори со рускиот премиер Мишустин

Кинескиот премиер Ли Кианг пристигна во Москва на разговори со рускиот премиер Мишустин

Пекинг, 20 август 2024 (МИА) - Кинескиот премиер Ли Кианг денеска пристигна во Москва на разговори со рускиот премиер Михаил Мишустин, јавија светските агенции, повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Ли ќе претседава со 29-та редовна средба меѓу шефовите на владите на Кина и Русија.

Тој, исто така, ќе се сретне со Мишустин за да ги разгледаат ставовите за билатералните односи и соработка, објави кинеска новинска агенција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан