Кина се надева на праведно и трајно решение за војната во Украина
- Кина денеска соопшти дека се надева дека може да се најде „праведно и трајно решение“ за војната меѓу Украина и Русија, бидејќи високи претставници на САД и Украина треба да разговараат за конфликтот во Саудиска Арабија.

Пекинг, 11 март 2025 (МИА) - Кина денеска соопшти дека се надева дека може да се најде „праведно и трајно решение“ за војната меѓу Украина и Русија, бидејќи високи претставници на САД и Украина треба да разговараат за конфликтот во Саудиска Арабија.
-Се надеваме дека страните ќе можат да постигнат праведно и трајно решение што ќе биде прифатливо за сите, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг на прес-конференција во Пекинг.
Како одговор на прашање за претстојните преговори, таа рече дека „Кина ги поддржува сите напори кои придонесуваат за мирно решавање на кризата“.
-Кина е исто така подготвена да продолжи да работи со меѓународната заедница за да одигра конструктивна улога во политичкото решение на кризата, додаде таа. мс/
фото: МИА архива