• петок, 03 јануари 2025

Кина ги осуди обвинувањата на САД за кибер напади врз американското Министерство за финансии

Кина ги осуди обвинувањата на САД за кибер напади врз американското Министерство за финансии

Пекинг, 31 декември 2024 (МИА) - Кина денеска одговори на наводите на американското Министерство за финансии дека Пекинг е одговорен за кибер напади што овозможиле заобиколување на безбедноста и кражба на документи, опквалификувајќи ги како „неосновани“.

„Постојано го изразуваме нашиот став за таквите неосновани обвинувања што немаат докази“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција во Пекинг.

Американското Министерство за финансии претходно денеска, во писмо испратено до членовите на Претставничкиот дом, објави дека биле погодени од кибер напад на почетокот на декември, но дека не биле загрозени никакви доверливи документи.

Според писмото  напаѓачите биле насочени кон неколку работни места во министерството, и користеле софтвер од американската компанија BeyondTrust. Нападот бил извршен, „според достапните индикации“ од актер „зад кој финансиски стои Кина“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан