• петок, 26 јули 2024

Кина ги обучува своите вооружени „кучиња-роботи“

Кина ги обучува своите вооружени „кучиња-роботи“

Пекинг, 29 мај 2024 (МИА) - Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот.

- Тоа може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови, да врши извидување, да го идентификува непријателот и да ја гаѓа целта, изјави војникот Чен Веј за Кинеската државната телевизија.

Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина - Камбоџа“  го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ - управувано со далечински уред.

Воената употреба на роботски кучиња не е нешто ново. Во Кина лани во ноември се одржа заедничка вежба на кинеската, камбоџанската, лаоската, малезиската, тајландската и виетнамската војска. Во 2020 година, американските воздухопловни сили исто така демонстрираа употреба на кучиња-роботи.  си/

Фото: „Х“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан