• сабота, 23 ноември 2024

Киеза не бил доволно добар за Баерн Минхен

Киеза не бил доволно добар за Баерн Минхен

Минхен, 6 септември 2024 (МИА) - Баерн Минхен ја отфрлил можноста да го ангажира новото засилување на Ливерпул, Федерико Киеза, тврди „Билд“. Италијанскиот интернационалец се покажа непотребен во Јувентус, а неговиот агент прв им го понуди на Баварците.

На „Алијанц Арена“ сметаа дека крилниот напаѓач ги нема потребните квалитети за да го подигне нивото на офанзивната моќ на тимот.

Баерн тоа лето го ангажираше Мајкл Олисе од Кристал Палас. Раководството на германскиот гигант работеше и на потписот на Дезире Дуе и Чави Симонс, но не успеаја во обидите да ги донесат во Минхен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан