• понеделник, 23 декември 2024

Кејн за дербито со Баер: Ние сме Баерн и не се адаптираме на играта на противникот

Кејн за дербито со Баер: Ние сме Баерн и не се адаптираме на играта на противникот

Минхен, 22 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн ги искажа очекувањата за големото дерби со Баер Леверкузен.

Натпреварот од 5. коло во Бундеслигата ќе се одигра на 28 септември во Минхен.

- Ние сме Баерн и не се приспособуваме на играта на противникот. Секако, не чека тежок тест. На Леверкузен му оди одлично, но со ист став и посветеност ќе пристапиме на натпреварот. Домашен натпревар за време на Октоберфест ќе биде одличен настан, изјави Англичанецот во дресот на Баварците.

Баерн е во одлична форма, вчера го совлада Вердер на гости со 5:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан