• сабота, 23 ноември 2024

Касами: Заедно ќе стигнеме до историската победа, која ќе не одведе во ЕУ

Касами: Заедно ќе стигнеме до историската победа, која ќе не одведе во ЕУ

31 декември 2023 

Почитувани граѓани,

Годината што ја оставаме зад нас како Албанци беше полна со предизвици и проблеми. За жал, бегството на младите, интелектуалци и професионални кадри не престана, туку само се зголемува. Секој ден се зголемува бројот на семејствата кои влегуваат во сиромаштија. Сето тоа е благодарение на политиките на актуелната власт, со која народот се осиромашува, а политичарите се збогатуваат.

 

Сите знаеме дека образованието се уништува, бројот на казино се зголемува, лекарите ја напуштаат државата, владетелите купуваат вили и луксузни автомобили, бизнисите мака мачат да обезбедат плати за своите вработени, но семејствата на министрите и партиските лидери во Влада купуваат трговски центри и прават нелегални бизниси.

 

Со жалење забележуваме дека годината што ја оставаме зад нас е најтемната година во тридецениската историја на Северна Македонија. Граѓаните не слушнаа и не видоа ништо освен криминал, корупција, уништување на институциите и системот.

 

На сето ова наскоро ќе му дојде крајот. Движењето БЕСА како опозициска партија во континуитет докажува дека сме со народот и за народот. Нашите дела и посветеност се докажани во раководството на општина Тетово и Желино.

 

За неполни две години работевме десет пати повеќе отколку што работеле сите градоначалници на овие општини во овие три децении. Десетици милиони евра за асфалтирање патишта и отворање булевари, го решивме проблемот со водата за пиење, на крајот е и решението за проблемот со отпадот. Континуирано го намалуваме долгот на Општина Тетово и ослободуваме јавни површини. Тетово наскоро ќе го добие модерниот Градски стадион.

 

Но, не треба да застанеме тука. Затоа што сите граѓани заслужуваат да имаат подобар живот, од Куманово до Струга и Битола. Сите треба да имаме европски живот.

 

Така направивме уште и ќе продолжиме со поголеми чекори. Се приклучивме и ја формиравме Европската движење за промени. И следната година ќе биде година на промени, кои заедно ќе ги донесеме. 2024 година е годината кога целата земја ќе го отстрани злото и ќе ги испратиме во историјата оние кои наместо Европа ја избра Русија и Србија, секојдневно го бркаат народот, го уништуваат државниот систем само за да ја задржат власта.

 

Додека тие продолжуваат да се „борат“ да ја заробат секоја државна институција за да манипулираат во претстојните избори, ние добиваме уште посилна поддршка од граѓаните. И заедно ќе стигнеме до историската победа, која ќе не одведе во Европската Унија и ќе ни ја врати НАДЕЖТА и ДОСТОИНСТВОТО.

 

Ви посакувам да имате најдобра можна година и целосно здравје.

 

СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА!

Претседател на Движењето Беса Билал Касами 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан