• вторник, 24 декември 2024

Камион излетал од коловоз и се запалил, возачот со тешки повреди

Камион излетал од коловоз и се запалил, возачот со тешки повреди
Гостивар, 28 септември 2022 (МИА) - Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево. Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило. Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото. На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.згм/ир

Остани поврзан