Казни за 27 лица кои не носеле заштитни маски во јавен превоз во Тетовско
- Вкупно 27 лица се откриени во вчерашната акциска контрола во Тетовско, во возила кои превезуваат патници со цел да се провери дали се носат заштитни маски на лицата, важечка мерка за спречува
Тетово, 14 јули 2022 (МИА) - Вкупно 27 лица се откриени во вчерашната акциска контрола во Тетовско, во возила кои превезуваат патници со цел да се провери дали се носат заштитни маски на лицата, важечка мерка за спречување на ширење на КОВИД-19.
-Вчера (13 јули) од 12 до 15 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила во кои се превезуваат патници и во која биле откриени и санкционирани 27 кои не носеле заштита на лицето, а што претставува задолжителна важечка мерка за спречување на ширење на Ковид-19. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парична глоба од 20 евра во денарска противвредност, соопшти СВР Тетово.
Од СВР Тетово најавуваат дека ваквите контроли во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат. Од април годинава Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост. ас/мд/