• недела, 25 август 2024

Италијанскиот премиер прими вакцина на АстраЗенека

Италијанскиот премиер прими вакцина на АстраЗенека
Рим, 30 март 2021 (МИА) - Италијанскиот премиер Марио Драги денеска ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека, изјави неговиот портпарол. Драги (72) и неговата сопруга ја примиле вакцината во центар за имунизација во Рим. Италија претходно суспендира употребата на вакцината на АстраЗенека поради нус ефекти, а потоа ја врати откако Европска агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека е безбедна вакцината. Драги, кој ја презеде премиерската функција минатиот месец, вети дека ќе ја забрза кампањата за вакцинација во Италија, првата европска земја која беше погодена од пандемијата, а денес се соочува со третиот бран. ми/

Остани поврзан