• недела, 28 јули 2024

Италијанската премиерка Мелони в среда во посета на Албанија

Италијанската премиерка Мелони в среда во посета на Албанија

Тирана, 3 јуни 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони оваа недела треба да допатува во Албанија во посета со фокус на миграцијата, само неколку дена пред изборите за Европскиот парламент, објавија албанските медиуми.

Албанија се согласи да прими баратели на азил извлечени од морињата покрај Италија, да ги регистрира во центар на Јадранското Море и потоа да ги смести во друг центар во внатрешноста на земјата додека се обработуваат нивните барања.

Мелони треба да пристигне во Тирана в среда за да се сретне со нејзиниот албански колега Еди Рама и да разговара за центрите за задржување мигранти.

Медиумите објавија дека за време на нејзината посета, која се совпаѓа со Неделата на италијанската културна во Албанија, се очекува Мелони да посети еден од центрите формирани според договорот што го потпиша со Рамa на 6 ноември 2023 година. Властите во албанскиот пристанишен град Шенѓин изминатиот викенд соопштија дека тамошниот центар за задржување мигранти е завршен.

Центарот за обработка на барањата за азил во Ѓадер, каде ќе мже да се сместуваат 3 илјади мигранти месечно, се уште е недовршен и не е објавен датумот за завршување. Претходно беше најавено дека ќе бидат функционални од 20 мај, но поради доцнењето на работите тоа не се случи.

Во средината на август минатата година Мелони со семејството по покана на Рама беше на одмор во Валона, неколку месеци пред да се финализира договорот за имигрантите во Рим за време на посетата на Рама.

Мелони вчера на изборна средба во нејзината земја повторно му се заблагодарила на Рама за потпишаниот договор меѓу нив, велејќи дека заслужува прегратка од Италија, затоа што и помогнал по ова прашање. вт/мс/

Остани поврзан