• сабота, 23 ноември 2024

Исплатена парична поддршка за гимназијалците од прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски" Берово

Исплатена парична поддршка за гимназијалците од прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски

Берово, 24 септември 2024 (МИА) - Денеска, на сметките на родителите на беровските ученици, кои годинава се запишаа во прва година, средно образование во ОСУ „Ацо Русковски“, во Берово, исплатени се по 5.000 денари, од Буџетот на Општина Берово, информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Средствата како што додаде тој се исплатени како дел од Програмата за образование за 2024 година и имаат за цел, на почетокот на учебната година, да бидат поддршка во семејниот буџет.

- Како поддршка од локалната самоуправа, за покривање на трошоците, за купување на школски прибор и други потребни работи на почетокот на учебната година, исплатени се по 5.000,00 денари, на вкупно 97 ученици, во прва година. Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во претстојниот период, за родителите полесно да се справат со трошоците, на почетокот на учебната година, истакна Пекевски.

За реализација на оваа активност, преку Програмата за образование, од Буџетот на општина Берово за 2024 година, исплатени се вкупно 485.000,00 денари.

- Во нашите приоритети и понатаму останува подобрувањето на условите за учење за учениците, како и враќање на парите назад кај граѓаните, додаде Пекевски.

Парична поддршка како што додаде е обезбедена и за родителите на беровските првачиња. вс/ир/

Фото: Општина Берово

Остани поврзан