• сабота, 23 ноември 2024

ИОК за безбедносните мерки на Олимпијадата 2024: Им веруваме на француските власт

ИОК за безбедносните мерки на Олимпијадата 2024: Им веруваме на француските власт

Лозана, 26 март 2024 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им верува на француските власти кои ќе се грижат за безбедноста на учесниците на Олимписките игри во Париз. 

- Како и секогаш, безбедноста е одговорност на локалните власти и тие го информираа ИОК дека работат неколку години на ова прашање со претпоставка дека ќе бидат потребни најстроги безбедносни мерки. Има и блиска меѓународна соработка. Врз основа на ова и редовните извештаи што ги добива ИОК, имаме целосна доверба во француските власти и нивната соработка со меѓународните партнери, соопшти прес-службата на ИОК.

Олимпијадата ќе се одржи од 26 јули до 11 август оваа година во француската престолнина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан