• понеделник, 23 декември 2024

Таравари: ДУИ не требаше да направи апстиненција од четири месеци да не се види со граѓаните

Таравари: ДУИ не требаше да направи апстиненција од четири месеци да не се види со граѓаните

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив. 

- ДУИ не одат на протести, туку на средби со граѓани. Јас им кажав, но и препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив. Им треба адаптација во опозиција. Така што, прво беа протести, сега ми се чини поради ниските температури, одлучија да се сретнат со граѓаните. Нека се сретнат. Дури мислам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци, вопшто да не се видат со граѓаните, изјави Таравари.

Централното претседателство на ДУИ вчера во седиштето на партијата во Мала Речица одржа седница на која беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои и да се организираат состаноци од отворен карактер. бд/бак/

Фото и видео: МИА 

Остани поврзан