Изречени 84 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Вкупно 84 возачи се санкционирани за брзо возење при вчерашната засилена полициска акциска контрола на територијата на СВР Битола, спроведена од 14.00 до 19.00 часот.
Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Вкупно 84 возачи се санкционирани за брзо возење при вчерашната засилена полициска акциска контрола на територијата на СВР Битола, спроведена од 14.00 до 19.00 часот.
Како што информира МВР, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР. мч/лв/
фото: МИА архива