Израел нападна воени бази во централна Сирија
- Израел изврши воздушни напади врз две воени бази во централна Сирија, соопшти синоќа израелската војска.

Тел Авив/Дамаск (ДПА) - Израел изврши воздушни напади врз две воени бази во централна Сирија, соопшти синоќа израелската војска.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм објавија дека нападнале објекти во воздухопловната база Палмира, како и во воздухопловната база Тијас, која е лоцирана помеѓу Хомс и Палмира. Израел тврди дека двете бази биле поврзани со поранешниот режим на долгогодишниот сисриски владетел Башар ал Асад, јави ДПА.
- ИДФ ќе продолжи да дејствува со цел да се отстрани каква било закана за граѓаните на Израел, соопшти изралекста војска.
Израел значително ги зголеми своите воени активности на сириска територија по падот на Ал Асад во декември.са/
Фото: ЕПА