• сабота, 23 ноември 2024

Изработки на лицата со попреченост во Струга в петок достапни за јавноста

Изработки на лицата со попреченост во Струга в петок достапни за јавноста

Струга, 19 јуни 2024 (МИА) - Рачни изработки на лицата со попреченост, корисници на Дневниот центар за лица со посебни потреби ЦФДК- Струга в петок ќе бидат изложени во Паркот на поезијата во рамките на проектот „Креативна инклузија“.

Менаџерот на дневниот центар Бурим Мемети информира дека членовите со помош на нивните едукатори дизајнирале и изработувале разни производи од платно, кои ќе бидат достапни за продажба.

- Вредните раце на нашите корисници со помош и поддршка на нивните едукатори и обучувачот, дизајнираа и изработија платнени ташни, маици, несесерчиња, навлаки за перници и други производи кои ќе бидат достапни за продажба. На овој настан ќе ни дадат поддршка и нашите пријатели, кои се големи поддржувачи на инклузијата и креативноста, вели Мемети.

Целта на настанот, според него, е изнаоѓање начин за економска независност на корисниците на овој центар и да им се даде можност да почнат да заработуваат.

- Здружението е насоечно на креирање и дизјнирање неколку производи, кои во иднина ќе ги продаваат, со што би овозможиле финансиска независност, изјави Мемети.

Проектот „Креативна инклузија“, почнал со набавка на професионални машини за шиење и везење, следната фаза била обука за шиење и везење за едукаторите и корисниците од професионален шивач/кројач, потоа следувала изработка на предвидените производи.

Дневниот центар за лица со посебни потреби во Струга има 20-тина корисници и е катче каде го минуваат денот се дружат и едуцираат. сс/сст/

Остани поврзан