• вторник, 24 декември 2024

Изминатите 24 часа нови 1409 заразени, 18 починати и 1.455 оздравени од КОВИД-19

Изминатите 24 часа нови 1409 заразени, 18 починати и 1.455 оздравени од КОВИД-19
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) – Во последните 24 часа од направени 3.824 тестови регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19 меѓу кои 206 се реинфекции, починати се 18 лица, а согласно регистарот  од Мој Термин дополнително се пријавени и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, додека како оздравени се водат 1.455 пацинети,  информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од регистрирани 1.409 нови случаи со КОВИД-19, 783 се од Скопје, по што следи Битола со 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1. Најмногу од оздравените пациенти - 298 се од Скопје, од Битола 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1). Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица  се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 - 07.02.2022г. Од вкупниот број на починати лица (n=28),  17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 130451, Активни 6955 Куманово 15552, Активни 489 Битола 13545, Активни 528 Прилеп 13139, Активни 307 Тетово 12935, Активни 389 Кавадарци 9645, Активни 440 Гостивар 9140, Активни 251 Велес 8902, Активни 314 Охрид 8255, Активни 258 Штип 7720, Активни 122 Струмица 7594, Активни 253 Кичево 5140, Активни 120 Кочани 4819, Активни 140 Струга 4520, Активни 95 Гевгелија 4010, Активни 158 Неготино 3424, Активни 162 Свети Николе 2539, Активни 71 Ресен 2479, Активни 66 Радовиш 2394, Активни 89 Крива Паланка 2284, Активни 47 Делчево 1853, Активни 63 Берово 1676, Активни 23 Дебар 1541, Активни 23 Валандово 1478, Активни 65 Виница 1334, Активни 29 Пробиштип 1270, Активни 11 Богданци 956, Активни 58 Кратово 909, Активни 29 Крушево 851, Активни 12 Демир Хисар 793, Активни 19 Македонски Брод 669, Активни 29 Демир Капија 521, Активни 18 Македонска Каменица 517, Активни 13 Пехчево 443, Активни 12 Дојран 249, Активни 7. вј/дма/

Остани поврзан