• петок, 26 јули 2024

Изложба на детски креации со велигденски мотиви на гостиварскиот плоштад

Изложба на детски креации со велигденски мотиви на гостиварскиот плоштад

Гостивар, 13 април 2023 (МИА) – Ликовни дела и рачни изработки кои ги создаваа децата од гостиварските градинки и неколку основни училишта беа изложени на градскиот плоштад во Гостивар. Повеќето од експонатите кои се со празнични, велигденски мотиви ќе бидат продавани на утрешниот базар.

-Изложбата на овие детски креации е по повод Велигден, големиот христијански празник. Во неа беа вклучени деца од градинките и основните училишта. Преку творење ги поттикнуваме децата да празнуваат и да создадеме празнична атмосфера, рече Ема Нешкоска од хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешкоски“ кои заедно со центарот за култура „АСНОМ“ и локалната самоуправа го организираа овој настан.

Ракотворбите, цртежите и украсите кои денес беа изложени на штандовите на градскиот плоштад ќе бидат донирани на здружението „When in trouble“. Тие, заедно со други предмети и продукти ќе бидат ставени на продажба во рамки на „Велигденскиот базар“ кој ќе се организира утре попладне во дворот на црквата „Пресвета Богородица“. Средствата собрани од базарот се наменети за хуманитарни цели и помош на социјално загрозени семејства.згм/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан