Излезни анкети: Самоопределување победник на изборите во Косово
- Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА.

Приштина, 14 февруари 2021 (МИА) – Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА.
Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот.
Долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), според излезните анкети, освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите. јт/