Израелската армија повторно напаѓа цели на Хезболах во јужен Либан
- Израелската армија денеска повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат поради напади врз цели на Хезболах
Ерусалим, 15 април 2026 (МИА) – Израелската армија денеска повторно ги повика жителите на јужен Либан да се евакуираат поради напади врз цели на Хезболах.
- Итно предупредување до жителите на јужен Либан, јужно од реката Захрани, во моментот се извршуваат воздушните напади против Хезболах. Израелските вооружени сили спроведуваат интензивни операции во регионот, објави на платформата Икс портпаролот на израелската армија, полковник Авишај Адрае.
Тој ги повика цивилите да се упатат кон областа северно од реката Захрани, која се наоѓа на неколку десетици километри од границата помеѓу Израел и Либан. ми/ссм/
фото: МИА архива