• сабота, 27 јули 2024

Изградени нови детски игралишта во Кавадарци 

Изградени нови детски игралишта во Кавадарци 
Кавадарци, 6 февруари 2023 (МИА) - Изградени се три нови  детски игралишта во Кавадарци, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.  
 
- Изградени се две нови детски игралишта во месноста Моклиште и во село Ваташа. На нив беа поставени подни гумени подлоги, нови детски реквизити и заштитна ограда, а во село Ваташа еден дел е со гумена подлога со детски реквизити, а другиот со вештачка трева. Изведувач е фирмата Бетон груп М и М, соопштија од прес службата при Општината. 
 
Претходно, оттаму информираа за изградба на детско игралиште во месноста Опитно Поле, веднаш до памтрак патеката. свд/дма/

Остани поврзан