• петок, 21 февруари 2025

Изгоре автомобил кај струмичко Банско

Изгоре автомобил кај струмичко Банско

Струмица, 20 февруари 2025 (МИА) - Денеска во 10:45 часот во близина на село Банско, Струмичко, изгоре автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Во гаснење на запалениот автомобил учествувале тројца пожарникари и едно противпожарно возило. Пожарот во моментот на пристигнувањето на пожарникарите бил во разгорена фаза и за кратко време бил локализиран и изгаснат.

Во информацијата од струмичките пожарникари се наведува дека е причинета значителна материјална штета. рт/мд/

Фото: принт скрин видео ТППЕ Струмица

Остани поврзан