Потпишување договори за два проекта со Амбасадата на Јапонија
- Амбасадорката на Јапонија во земјава Сецуко Кавахара денеска во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје, ќе потпише два нови договори за грант во рамките на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вредност од 114,970 евра.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Јапонската амбасадорка во земјава Сецуко Кавахара денеска во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје, ќе потпише два нови договори за грант во рамките на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вредност од 114,970 евра.
Како што најавија од Амбасадата на Јапонија, на церемонијата ќе бидат потпишани договори за два проекта. Станува збор за проектот за набавка на компјутерски радиографски систем за ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани и проектот за реконструкција на покривот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.бт/са/
Фото: МИА Архива