Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“
- Македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, во рамките на 11. Фестивал на европски и медитерански филм што се одржа во Требиње.

Скопје, 7 август 2023 (МИА) - Македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, во рамките на 11. Фестивал на европски и медитерански филм што се одржа во Требиње.
Наградата беше доделена синоќа за време на затворањето на Фестивалот, а се одржа и проекција на филмот „Ова ќе оди“, во режија на Нина Огњановиќ.
Главните награди Леотар, според одлуката на жирито на публиката, и беа доделени на Изабела Новотни за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, на Никола Лоренчин, за режија на филмот „Гргур и Љубица“, а најдобра Медитерански филм му беше доделен на грчкиот филм „Куалија“.
За време на фестивалот на европски и медитерански филмови беа прикажани 34 филмови со различни теми.бт/ев/
Фото/ Фејсбук страница „Festival Mediteranskog i Evropskog Filma Trebinje“