• петок, 05 декември 2025

Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска

Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Во галеријата „Метаноја“ вечер ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска.

Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Kапушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.

Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Метафора - Жито, какол и парчиња стакло“ на Марко Трпески. мд/са/

Фото: постер

 

 

Остани поврзан