• среда, 02 октомври 2024

ИДФ: Иран извршува ракетен напад врз Израел

ИДФ: Иран извршува ракетен напад врз Израел

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА)  -  Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во тек е ракетен напад од Иран.

„Од вас се бара да останете во заштитено подрачје до понатамошно известување“, се вели во соопштението на војската.

Се додава дека експлозиите што се слушаат низ целата земја се пресретнати или удари.

Пријавени се повеќе места на удари од шрапнели во Тел Авив, во близина на Мртвото Море, на југ и во регионот Шарон. Се уште нема информации за повредени, иако на сите Израелци им е наредено да се засолнат. зш/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан