• сабота, 07 март 2026

ЗОИ 2026: Штолц со втор олимписки рекорд до злато во брзо лизгање на 500 метри

ЗОИ 2026: Штолц со втор олимписки рекорд до злато во брзо лизгање на 500 метри

Милано, 14 февруари 2026 (МИА) – Американскиот лизгач Џордан Штолц освои злато на 500 метри, поставувајќи го својот втор олимписки рекорд на Игрите во Италија.

Дваесет и едногодишниот Американец постигна време од 33,77 секунди, што е нов олимписки рекорд и негов втор на Олимпијадата 2026.

Претходно Штолц победи и на трката на 1.000 метри.

Холандецот Енинг Де Бое го освои среброто, завршувајќи 0,11 секунди зад лидерот. 

Третото место и бронзениот медал се за Канаѓанецот Лоран Дубреј (+0,49 секунди). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан