• сабота, 27 јули 2024

Земјотрес од четири степени во близина на грчкиот остров Крит

Земјотрес од четири степени во близина на грчкиот остров Крит

Атина, 11 март 2022 (МИА) - Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил југоисточно од малиот остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит.

Од земјотресот, што бил почувствуван и на Гавдос и на Крит, нема повредени, ниту е причинета материјална штета. ср/

Остани поврзан