• понеделник, 22 јули 2024

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце

Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од
државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан