• сабота, 23 ноември 2024

Спроведени мотивирачки обуки за да се охрабрат младите да останат во руралните средини

Спроведени мотивирачки обуки за да се охрабрат младите да останат во руралните средини

Скопје, 22 јули 2024

Со цел да се намали одливот на младите од земјава, особено од руралните средини, Здружението на жени менаџерки „ЕЛИТ“, заедно со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер, „Рурална коалиција“ и „Џуниор Ачивмент Македонија“ во изминатите две години интензивно работеше на подобрување на квалитетот на животот на младите во локалните заедници.

Преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтерство, со акцент на зголемување накапацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници се одржаа обуки во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион.

-На 17 и 18 јули на Универзитетот Скопје, ги спроведовме последните три обуки со кои ги заокруживме активностите во рамките на двегодишниот европски проект ‘Потпри се на младите‘. Токму со овие обуки ја постигнавме посакуваната цел, да ги зајакнеме правно, организациски и финансиски капацитетите на младите во новоформираните локални младински совети и нивната ефикасност во заедницата кои согласно нашите проектни активности логистички ги помогнавме и формиравме во Македонски Брод,
Јегуновце, Брвеница, Вевчани и Кривогаштани. Целта на овие обуки беше да ги мотивираме младите и жените од руралните средини да се здобијат со вештини и да го подобрат својот капацитет за да можат да се вклучат во заедницата и да дадат свој придонес во социјално-локалната економија, истакна Ленка Угриновска, претседателка на Здружението на жени менаџерки „ЕЛИТ“.

Таа вели дека целиот тим кој работеше на проектот, биле пријатно изненадени од интересот и активностите кои заеднички ги реализирале со младите преку 30 обуки кои беа финансиски поддржани со грантови во рамки на проектот.

Здружението на жени менаџерки „ЕЛИТ“ во овој период спроведе пет работилници во предвидените региони во Охрид, Тетово, Куманово, Новаци и Крива Паланка на тема: „Младите од руралните средини во областа на развојот на лидерски и менаџерски вештини во социјалното претприемништво, како и технички вештини за реализација на социјалното претприемништво“.

Во пет рурално младински клубови се работеше на развој на капацитети за младински активизам, а во останатите 10 се развиваа социо-економските иницијативи на локалните младински клубови.

-Темите за руралниот туризам, еко и зелените површини, пристапот до финансии, малите бизниси и социјалното претприемништво беа темите на обуките за кои особено беа заинтересирани учесниците во проектот. Тоа не охрабри да ги поттикнеме младите ентузијасти кои знаат што сакаат и веруваат во подобро утре да останат во својот роден крај да се надградуваат со нови знаења, вештини за да создаваат подобри услови за живот во средините во кои што живеат и работат“, истакна Угриновска, која смета дека ваков тип на проекти треба да продолжат да се спроведуваат во интерес и развој на
државата, а тоа секако се младите, бидејќи тие се нашата иднина. 

 

Здружение на жени менаџерки ЕЛИТ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан