• вторник, 24 декември 2024

Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Грција споредбено со лани

Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Грција споредбено со лани

Атина, 25 ноември 2024 (МИА) – Над 18.000 случаи на семејно насилство биле регистрирани во Грција во првите 10 месеци од годинава, бројка што е речиси двојно поголема споредбено со лани, согласно податоците од полицијата што ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА по повод Светскиот ден против насилството врз жените, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, во првите десет месеци од 2023 година биле регистрирани 9.860 случаи, додека во истиот период годинава 18.427, а паралелно зголемен е бројот и на уапсени лица, лани биле 6.453, а од јануари до октомври годинава се уапсени 11.308 лица.

АНА-МПА пишува дека податоците од полицијата покажуваат дека најголем дел од жртвите на семејно насилство се жени, а сторителите мажи.

-Конкретно, во првите десет месеци од 2024 година имавме 5.583 мажи-жртви на семејно насилство и од друга страна, 15.571 жена-жртва. Исто така, во истиот период, мажи-сторители на вакви прекршоци биле 15.413, а жени 3.565, пишува АНА-МПА.

Во дел од полициските станици во Грција постојат специјални канцеларии за справување со семејно насилство, а во земјата веќе 20 функционира специјалната апликација „Panic Button“ за помош на жени жртви на семејно насилство. ср/

Остани поврзан