• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени цените на услугите

Зголемени цените на услугите

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Цените на услугите во одделот Услуги за копнен превоз и цевководен транспорт во второто тримесечје од 2024 година пораснале за 1,9 отсто во споредба со второто тримесечје од 2023 година.

Како што информира Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024, во споредба со второто тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 1,9 проценти.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 1,9 отсто, а кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.

Во истиот период цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1,1 отсто во одделот Телекомуникации. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан