• четврток, 20 февруари 2025

За обнова на Појасот Газа потребни се повеќе од 50 милијарди долари

За обнова на Појасот Газа потребни се повеќе од 50 милијарди долари

Женева, 19 февруари 2025 (МИА) – Според прицените на Обединети нации, Европска Унија и Светска Банка потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Појасот Газа, разурнатата енклава во 15 месечната војна помеѓу Израел и Хамас.

Според привремената брза процена на штета ио потреби (ИРДНА) за обнова и реконструкција на Појасот Газа потребни се 53,2 милијарди долари во следните десет години, додека во првите три години ќе треба да се обезбедат 20 милијарди долари.

Според ИРДНА повеќе од 292.000 домови во Појасот Газа се уништени или оптетени, 95 отсто од болниците се нефункционални, додека локалната економија е намалена за 83 проценти. За поправка на зградите би биле потребни 29,9 милијарди долари, додека 19,1 милијарди долари би биле наменети за надомест на социјалните и економските загуби. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан