• сабота, 23 ноември 2024

За новогодишната ноќ во Дебар активни полицијата и пожарникарите

За новогодишната ноќ во Дебар активни полицијата и пожарникарите

Дебар, 1 јануари 2024 (МИА) - Во текот на новогодишната ноќ во Дебар работа имале пожарникарите и полициските службеници, а за здравствените работници таа минала мирно.

Како што информираше Стефан Димоски, портпарол на секторот за внатршни работи-Охрид, во 23.30 часот, во Одделението за внатрешни работи - Дебар е пријавено дека, во куќа сопственост на А.К. од Дебар, со привремено живеалиште во Германија, се случил пожар во кој, нема повредени лица. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот е брзо локализиран.

-Денеска во 1:20 часот, на улицата „11 септември“ во Дебар, лишен од слобода е В.В.(28) од кичевското село Бачишта. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоa марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна прјава, вели Димоски.

Во 45 минути по полноќ во ОВР Дебар, приведен е С.Р.(39) од Дебар. Тој, претходно во семејниот дом, искршил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Новогодишната ноќ мина мирно, немаше потреба од интервенции, како од брзата помош така и од дежурната екипа. Во гинеколошко- акушерското одделение нема бебе, рече за МИА Јетлумт Пашоли, директор на Општата болница, кој бил дел од дежурната екипа.

Новогодишната ноќ поголемиот дел од жителите ја минаа во своите домови, заедно со нивните најблиски кои, живеат и работат во некоја од западно европските земји а за новогодишно-божиќните празници се во родниот крај. Помал број отпатуваа во некое туристичко место во регионов а оние кои имаат свои станови во Охрид, Драч и Тирана. вт/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан