За натпреварите со Летонија и со Ерменија Милевски повика 25 фудбалери
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10 октомври) и против Ерменија во Ереван (13 октомври) од Лигата на нации.

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10 октомври) и против Ерменија во Ереван (13 октомври) од Лигата на нации.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери:
голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски;
одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков и Андреј Стојчевски;
среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски, Димитар Митровски;
Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили и Марио Илиевски. зс/
Фото: МИА