• понеделник, 23 декември 2024

Захарова за новите санкции: Русија нема да ги остави без одговор агресивните акции на САД

Захарова за новите санкции: Русија нема да ги остави без одговор агресивните акции на САД

Москва, 12 јуни 2024 (МИА) - Русија нема да ги остави без одговор агресивните дејствија на САД, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова, коментирајќи го воведувањето на нови антируски санкции од Вашингтон, јавија руските медиуми.

-Како и секогаш во вакви случаи, Русија нема да ги остави таквите агресивни дејства без одговор, рече портпаролката.

Повеќе од 30 физички лица и над 200 правни лица од Русија и Кина се додадени на списокот со санкции на САД. Конкретно, американското Министерство за финансии воведе санкции за Русгаздобича, Арктик ЛНГ-1, Арктик ЛНГ-3 и Московската берза.

Американското Министерство за финансии објави нови санкции против повеќе од 300 субјекти и поединци кои имаат за цел да го прекинат пристапот на Русија до производите и услугите што и се потребни за поддршка на военото производство за војната во Украина.

Најавата, заедно со новите извозни ограничувања на Министерството за трговија за полупроводници и други технолошки добра, дојде во пресрет на самитот на лидерите на Г7 во Италија, каде што напорите за ограничување на растечката воена економија на Русија ќе бидат клучна тема. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан