• сабота, 22 февруари 2025

Почна 31. Конвенција на ИКАРУС во Скопје

Почна 31. Конвенција на ИКАРУС во Скопје

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Државниот архив е домаќин на годинашната 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) која е посветена на анализите и на архивирањето во светот. Во рамки на конвенцијата насловена „Заедничко архивско наследство - заштита, достапност и дигитализација“ ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко. 

 - Овие конвенции се одржуваат двапати годишно и ова е привилегија за Државниот архив да биде домаќин на една ваква манифестација која е од меѓународно значење и која ќе се одржува три дена, два дена во Скопје и третиот ден во Охрид. Во рамките на конвенцијата учествуваат околу 65 учесници од над 20 земји кои ќе презентираат и ќе дебатираат за проблемите со кои се соочуваат архивите во светот, особено во Европа, за процесот на дигитализација, за зачувување на она што значи културно наследство за секоја земја и за секој народ, вели директорот на Државниот архив Емил Крстевски во изјава за МИА.

На собирот во Скопје се присутни над 70 претставници од повеќе од 20 држави. 

 - Го подигнуваме поврзувањето на повисоко ниво и ја туркаме напред идејата за дигитализација на архивскиот материјал, ги нудиме и најдобрите примери за архивите, изјави претседателка на ИКАРУС, Биргит Кибал. 

Конвенцијата започна денеска во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје и ќе се одржува во наредните два дена во Скопје и во Охрид. сан/бак/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан