• петок, 27 декември 2024

Започна состанокот „Самит ЕУ-Западен Балкан: обновен пристап кон регионот“

Започна состанокот   „Самит ЕУ-Западен Балкан: обновен пристап кон регионот“

Брисел, 5 декември 2024 (МИА) -  Во Брисел започна состанокот насловен „Самитот ЕУ-Западен Балкан: обновен пристап кон регионот“, чиј домаќин е организацијата „Пријатели на Европа“.
На панелот „Проширување на ЕУ: улогата на нормите и вредностите на патот на пристапувањето“, ќе се обрати комесарката за проширување Марта Кос и генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија Герт Јан Копман.

Организацијата „Пријатели на Европа“ наведува дека овогодинешниот самит за Западен Балкан има за цел да го редефинира дијалогот за проширување на ЕУ, фокусирајќи се на пристапните процеси на Западен Балкан преку инклузивен и иновативен пристап. Тие исто така посочуваат дека самитот ќе се занимава со пошироките импликации од проширувањето на ЕУ врз долгорочните цели на Унијата.

„Самитот за Западен Балкан има за цел да изгради кохезивна и сеопфатна стратегија за интеграција на регионот во ЕУ, притоа приспособувајќи ги неговите амбиции и политики за да одговараат на новата реалност на проширена и посложена Европа“, соопшти организацијата.
Покрај панелот „Проширување на ЕУ: улогата на нормите и вредностите на патот кон пристапувањето“, за време на самитот ќе се одржат уште две сесии посветени на правдата и економскиот потенцијал на Западен Балкан.

На панелот „Проширување на ЕУ: улогата на нормите и вредностите на патот кон пристапувањето“ ќе учествуваат и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, пратеникот во Европскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Естонија, Урмас Пает, вицепремиер за Евроинтеграции на Молдавија и главен преговарач со ЕУ Кристина Герасимов и потпретседател на украинската влада за европски и евроатлански интеграции и министер за правда Олга Стефанишина.
Пријатели на Европа е тинк-тенк организација со седиште во Брисел за анализа и дебата за политиката на Европската унија. зш/

Остани поврзан