• понеделник, 23 декември 2024

Закуски што не се препорачуваат за пред спиење

Закуски што не се препорачуваат за пред спиење

Лос Анџелес, 21 септември 2023 (МИА) - Бројни намирници никако не смеат да се јадат навечер, бидејќи го расипуваат сонот, сметаат стручњаците. Во таа смисла, „Бенеден хелт“ (Beneden Health) споделува пет од закуските што е подобро да се прескокнат навечер пред спиење.

Чоколадо

Познато е дека не треба да се пие кафе пред легнување, бидејќи нивото кофеин може да даде вишок енергија, што секако ѝ пречи на подготовката на телото за сон. Лекарите велат дека истото важи и за чоколадото што исто така треба да се избегнува пред одење в кревет, како и шеќерот воопшто, советуваат стручњаците.

Сладолед

Претерано слатки работи може да предизвикаат покачување на шеќерот во крвта, што секако е неповолно за пред спиење. Можеби најсликовит во таа смисла е сладоледот, па потоа колачите, бисквитите итн.

Варирањето на шеќерот во крвта, се вели, предизвикува ослободување хормони како адреналин и кортизол, што може да доведе до анксиозност, глад, раздразливост. Иако првично може да се чувствувате сити и подготвени за в кревет, овие промени во хормоните може да предизвикаат често будење ноќе.

Сирење

Тврдото или старо сирење, според стручњаците, содржи високи нивоа на аминокиселината наречена тирамин, што придонесува за несакана будност. Тирамин вусшност предизвикува панкреасот да ги ослободува хормоните за возбуда и будност. Истото важи и за сушени производи од месо.

Зачинета храна

И зачините како што се лут сос, сенф, итн. може да го попречат регулирањето на температурата на тело и со тоа да го нарушат сонот. А, зголемувањето на телесната топлина е поврзано и со варењето на зачините - тоа бара високо ниво енергија, што, пак, го прави длабокиот сон прилично неизводлив.

Чипс

Она што го прави чипсот вкусен е количината сол во него. Но, премногу сол го дехидрира телото, а го зголемува задржувањето вода, што предизвикува замор. Истражување на Европското здружение за ендокринологија посочува дека солената храна, како што се и посолените јаткасти плодови, може да доведе до нарушен или кревок сон.

Така, лекарите препорачуваат да се приврши со солената храна најмалку два - три часа пред спиење, за подобар сон.  си/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан