• понеделник, 23 декември 2024

Заврши реконструкција на повеќе улици во Куманово

Заврши реконструкција на повеќе улици во Куманово

Куманово, 7 октомври 2024 (МИА) - Заврши санацијата на повеќе улици во кумановските приградски населби, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

-Завршена е изградбата на улиците во населба „Јане Сандански“, каде се поставени бекатон плочки. Во населбата Карпош асфалтирани се неколку помали улички. Воедно, се тампонира патот кон село Довезенце околу 2, 6 километри, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Реконструкцијата на овие улици се реализира согласно годишниот план на општината за изградба и одржување на улици. Општина Куманово претходно склучи договор со две компании за реконструкција и санирање на оштетено јавни прометни површини во Општина Куманово (со бекатон плочки) за што одвои над седум милиони денари за две зони од градот, источна и западна за полесно одржување на овие улици.

Општината претходно склучи договор со компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на територија на Општина Куманово, за што од буџетот одвои скоро пет милиони денари.

-Наредниот период ќе се реконструираат улици во населбата „Јане Сандански“. Станува збор за помали улици, додава Јовановски. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

 

Остани поврзан