Дел од Општина Бутел без вода
- Без вода денеска од 9:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „АФЖ“ во Општина Бутел.
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „АФЖ“ во Општина Бутел.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач (огрлица) Ф-150 милиметри на улицата „АФЖ“ 27.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/дма/
Фото: МИА архива