• четврток, 05 септември 2024

Жирона, Дортмунд, Реал, Сити и Баер номинирани за Тим на годината

Жирона, Дортмунд, Реал, Сити и Баер номинирани за Тим на годината

Мадрид, 4 септември 2024 (МИА) - Пет тима се номинирани за Најдобри во годината во изборот на „Франс фудбал“. Станува збор за екипите на Жирона, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баер Леверкузен.

Германски Баер имаше феноменална сезона, прекинувајќи ја доминацијата на Баерн Минхен во Првата Бундеслига и триумфирајќи со шампионската титула за првпат во својата историја. Покрај тоа, под водство на Чаби Алонсо стигнаа и до финалето на Лига Европа, каде загубија од Аталанта.

Жирона настапи многу силно во Ла Лига и до последно беше во конкуренција со Реал Мадрид и Барселона за шампионската титула, но на крајот заврши на третото место во шпанската лига.

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата четврта година по ред.

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по невиден 15-ти пат, а триумфираше и со шампионската чест во Ла Лига. „Кралевите“ се најголеми фаворити за наградата.

Борусија Дортмунд се пласираше во финалето на Лигата на шампионите по тешката сезона во домашното првенство. дс

Фото: Х/Фабрицио Романо

Остани поврзан