ЕЦБ соопшти за највисока загуба во својата историја
- Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти за својата втора последователна година на загуба, со дефицит од околу 7,9 милијарди евра (8,2 милијарди долари) во 2024 година.

Франкфурт, 20 февруари 2025 (МИА) - Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти за својата втора последователна година на загуба, со дефицит од околу 7,9 милијарди евра (8,2 милијарди долари) во 2024 година.
Ова ја означува најголемата загуба во повеќе од 25-годишната историја на ЕЦБ. Банката може да претрпи одредени загуби во наредните години, но тие треба да бидат помали отколку во изминатите две години.
Во 2023 година, ЕЦБ успеа да го намали својот дефицит од 1,3 милијарди евра. Комбинираните загуби за претходните две години, кои изнесуваат вкупно 9,21 милијарди евра ќе бидат пренесени за да бидат компензирани со идните профити.
Банката потенцираше дека привремените загуби се резултат на неопходните одлуки на монетарната политика. Сепак, ЕЦБ вели дека може ефективно да работи и да ја исполни својата главна задача да обезбеди стабилност на цените во 20-те земји од еврозоната.
Почнувајќи од летото 2022 година, ЕЦБ со седиште во Франкфурт брзо ги зголеми каматните стапки за да ја стави високата инфлација под контрола.
Инфлацијата сега е далеку од рекордните највисоки нивоа, што ја натера ЕЦБ повторно да ги намали каматните стапки во еврозоната. рп/
Фото: МИА архива