• вторник, 24 декември 2024

ЕУ ќе воспостави хуманитарен воздушен мост за Либан  

ЕУ ќе воспостави хуманитарен воздушен мост за Либан  

Брисел, 9 септември 2024 (МИА) – Европската Унија ги мобилизира сите алатки за реакција при итни случаи со кои располага, за да обезбеди поддршка на луѓето погодени од актуелната криза во Либан, информира денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаж Ујвари. 

- Денеска, ЕУ започна операција за хуманитарен воздушен мост за помош на луѓето во Либан, што ќе се состои од три лета, со кои, меѓу другото, ќе бидат дистрибуирани средства за хигиена, ќебиња и објекти за сместување, изјави Ујвари. 

Авионите ќе полетуваат од Дубаи и Бриндизи, а предвидено е првиот да пристигне во Бејрут на 11 октомври. 

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ уште од минатата недела во Бејрут се испорачува помош од Шпанија, Словачка, Полска, Франција и Белгија, а во наредните денови ќе биде транспортирана и дополнителна помош од Грција. Транспортните трошоци и координацијата на овие испораки го обезбедува Европската комисија. 

Ујвари потсети дека оваа помош од земјите членки вклучува и лекови и медицински производи, кои се од клучно значење за помош на луѓето во Либан се кои се сочуваат со неможност за пристап до здравствена заштита, пред се за присилно раселените лица. 

- Оваа помош доаѓа како дополнување на околу 104 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ доделена за Либан оваа година, вклучувајќи ги и најновите итни исплати, додаде Ујвари. 

Инаку, како што информира Еврокомисијата, Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ останува во близок контакт со земјите членки и хуманитарните партнери за да се мобилизира дополнителна помош. сп/

МИА: Скриншот

Остани поврзан