• петок, 22 ноември 2024

ЕУ мора да биде јасна за проширувањето, средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Фиала

ЕУ мора да биде јасна за проширувањето, средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Фиала

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала, со кој разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес, информираат од нејзиниот кабинет.

Сиљановска Давкова ја изразила решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

Таа се заблагодарила за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

На средбата, како што информираат од Кабинетот, претседателката Сиљановска Давкова посочила на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии. сст/aa/

фото кабинет на претседател на РСМ 

 

 

Остани поврзан