• понеделник, 23 декември 2024

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Скопје, 23 ноември 2024 (МИА) – Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот.

Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем. ир/ар/

 

Фото: Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан