• петок, 08 ноември 2024

ЕСС во понеделник ќе ги разгледува новите предлози за пресметка на платите во јавниот сектор

ЕСС во понеделник ќе ги разгледува новите предлози за пресметка на платите во јавниот сектор

Скопје, 30 јуни 2023 (МИА) - Владата до понеделник треба да направи нови симулации за пресметка на платите во јавниот сектор, согласно понудените предлози од страна на синдикатите. Ова вчера го договори Економско-социјалниот совет (ЕСС) и најави дека преговорите продолжуваат.

Според синдикалците, има поместување од „мртва точка“, а според владините претставници, постигнат е значителен напредок во преговорите. 

Седницата на ЕСС продолжува во понеделник.

-Има поместување од „мртва точка“, но ние од нашите барања не отстапуваме. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата, порача претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски по вчерашната седница на Економско-социјалниот совет.

Според него, покачување од страна на Владата не било понудено, а разликата во пресметките не е мала.

-Она што го разговаравме и она што може Буџетот да го издржи и она што беше изјавата на ММФ во текот на вчерашниот ден. Во тие насоки се водеа разговорите денеска. Но, ние не отстапуваме од она што го бараме, дека мора да биде поврзано со просечната плата. Имаше одредено намалување на тој транзициски период што го вика Владата, од неколку години се намали уште малку, ќе видиме дали ќе бидат прифатени нашите пресметки што ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден до Владата и во понеделник можеби ќе имаме друга информација, истакна Деаноски.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, оцени дека вчерашната дискусија меѓу социјалните партнери била конструктивна. 

-На седницата беше презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 - 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години. По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите, соопшти МТСП.

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница  на ЕСС, тие порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава. 

-Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика - моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС. 

Sindikatat konsiderojnë se metodologjia e re e propozuar nga Qeveria për pagat në sektorin publik mund të jetë zgjidhje e përhershme, por thonë se afati prej pesë vitesh për harmonizimin e Ko

Деаноски, пак, порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите - просечна плата со коефициент. мч/лв/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан