• сабота, 17 август 2024

ЕП Дивизија „Б“: Кадетите славеа над Португалија, ќе се борат за деветто место

ЕП Дивизија „Б“: Кадетите славеа над Португалија, ќе се борат за деветто  место

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Машката кадетска репрезентација на Македонија ја оствари и петтата победа на Европското првенство Дивизија „Б“ кое се игра во Скопје. 

Кадетите славеа со минимални 70:68 над Португалија, но победата е доволна избраниците на селекторот Александар Јованчев да се борат само за деветтото место на ова ЕП во Скопје.

Вечерва имавме одлично прво полувреме во кое имавме предност и од 15 поени против „морнарите“, што на крајот се покажа како доволно за продолжение на серијата на успешни игри.

Ѓорѓевиќ со 22 поени беше најефикасен кошаркар во нашиот тим, а го следеше Алексеј Нешовиќ со „дабл-дабл“ учинок - 20 поени и 12 скокови.

Ериксон Тешеира за Португалците постигна 14 поени.

Во борба за деветтото место Македонија ќе игра против Унгарија или Велика Британија. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан